Универзитетот Принстон ја тужел прославената архитектонска фирма TWBTA, поради, како што наведуваат „невнимателен процес на изградба и пречекорување на рокот“.
Предмет на спорот е центарот Andlinger при Универзитетот Принстон, кој го потпишуваат Tod Williams Billie Tsien Architects. Оваа њујоршка фирма и консултантската фирма Jacobs Engineering Group, тужени се за работата на овој престижен универзитет, кој е завршен во 2016 година со каснење и пречекорување на рокот, пишува Dezeen.
центарот Andlinger при Универзитетот Принстон
Во тужбата со која се бара исплата во износ од 10,7 милиони долари и која е поднесена во декември, Принстон наведува дека тимот на компанијата TWBTA „не успеал да ги заврши своите проектантски задачи во склад со поставените стандарди, што резултирало со непотребни и преголеми дополнителни трошоци и прекршени проектни рокови кои скапо го чинеле Универзитетот“.
Потпаролот на заменикот на Универзитетот Принстон, Michael Hotchkiss, во својата изјава ја опишал постапката како „необична, но неопходна акција“ и додал дека Универзитетот настојува да ги надокнади дополителните трошоци, кои настанале поради обемните промени и доцнења кои ги предизвикале компаниите кои работеле на изведба на центарот Andlinger.
центарот Andlinger при Универзитетот Принстон
Десет месеци доцнење
Фирмата TWBTA за проектот за истражувачкиот центар ангажирана е во тек на 2009. година, изградбата почнала во 2012. година, а се завршила во мај 2016. година, со десет месеци задоцнување. Во поднесената тужба се наведува дека за половина од времето на доцнење директно се одговорни фирмите TWBTA и Jacobs Entities.
Во периодот помеѓу 2012. и 2017. година фирмите издале 87 измени (Architect’s Supplemental Instructions) кои спаѓаат во помали промени кои не влијаат на временскиот рок и договорот. Сепак тоа довело до 462 COR барања кои предизвикале промени на буџетот и рокот за изведување.
Уште проблеми
Tod Williams, кој заедно со својата сопруга ја основал компанијата во 1986. година, има и диплома на Универзитетот Принстон, како и многу признанија добиени за својата работа. Меѓутоа, последниве години многу нивни проекти предизвикале полемики во јавноста. На критика наидоа обновата на постмодернистичкиот Hood Museum of Art на колеџот Dartmouth како и претседателската библиотека на Обама, чија изградба се планира во историскиот парк, Џексон во Чикаго.