Објектот на здравствениот дом во Бордо е во близина на раскрсница на голема улица и сервисен пат кој води кон центарот.
Зградата проектирана од француското архитектонско биро А6А е изолирана од патиштата со голема градина околу која се организирани медицинските содржини. Различните волумени се лесно препознатливи за корисниците, а внатрешниот ходник ја дефинира функцијата.
Видлива е распространетоста на структурата, која е и транспарентна преку застаклените пација, предвидени се три влеза и објектот има директна врска со паркингот.
Внатрешениот ходник ги поврзува четирите медицински центри и заедничките простории, истовремено нудејќи поглед на градината. Медицинскиот центар е организиран околу оваа голема градина и се појавува позади тремовите.
Објектот е проектиран од бел бетон со нијанса на локалниот варовник, кој на места е нагласен со облоги и жалузини од црно дрво, кои создаваат сенка во просториите за нега. Материјалите се автентични и е искористен нивниот природен квалитет.