Новите истражувања покажуваат дека вегетацијата се проширува на Хималаите. Користејќи ги сателитските податоци во периодот помеѓу 1993 и 2018 година, научниците дошле до откритие дека растенијата се прошириле на подрачјата на кои порано не било познато дека постојат. Во рамките на Студијата, во фокусот било подрачјето помеѓу линијата на дрвјата и линијата на снегот. Вегетациската обвивка пораснала во пределот од 4.150 и 6.000 метри надморска височина, а тоа најинтензивно било забележливо на нивото од 5.000 до 5.500 метри надморска височина. Во областа пак околу највисокиот врв, Монт Еверест дошло до значителен пораст на вегетацијата на сите нивоа. Сите овие заклучоци ја потврдуваат теоријата за глобалното затоплување, односно за потоплата клима со поголема влажност. Едно од важните прашања поврзани за целиот регион, е испитувањето на сите промени до кои збогатувањето со вегетација може да доведе, односно дали тое ќе го забрза или ќе го успори топењето на снеговите. Имено, присуството на растенија го менува однесувањето на водениот циклус во одредената област. Некои промени во однесувањето на ледниците веќе наголемо с епрепознаваат – од почетокот на векот хималајските ледници губат речиси половина метар мраз годишно, што предизвикува поплави на локалните заедници. Секако, јасно е дека оваа област е погодена од глобалното затоплување, ано посебно загрижува минатогодишната проценка за состојбата на ледниците на Хималаите и заклучокот дека една третина од нив би се стопиле до крајот на овој век.