Инсталираната моќност на соларните електрани, и во новава деценија ќе го продолжи својот двоцифрен раст. Имено, според очекувањата од Студијата на консултантската компанија IHS Markit, моќноста на соларните централи, благодарение на новите проекти во 2020 година ќе достигне 142 GW, што е за 14% повеќе споредено со претходната година. Очекуваниот раст е дури седум пати поголем од вкупната моќност на соларните електрани на почетокот на претходната деценија, односно во 2020 година (20 GW).
„Кина останува на водечкото место во соларните инвестиции во светот. Меѓутоа, во оваа деценија ќе се појават нови пазари во Југоисточна Азија, Латинска Америка и на Блискиот Исток“, изјавила Edurne Zoco, директорка во IHS Markit.