Иако небото изгледа бистро, загадувањето е големо, без назнаки дека имаме системско решение. На листата на најзагадени места во земјава утринава се Тетово и секако и Скопје.
Утринава во Скопје воздухот е значително загаден и тоа на повеќе локации. Мерните станици покажуваат дека најголема загаденост има во Скопје – Ректорат со измерени РМ10 176 µg/m3 во осум часот утрово, Миладиновци со 207 µg/m3, Ново Лисиче со 180 µg/m3 итн. Дозволените ПМ10 честички (честички со големина помала од 10 микрометри, лесни за вдишување) во воздухот се 50 µg/m3.