Новата нуклеарна централа во Британија, која наскоро треба да почне да се гради и чиј инвеститор е француската EdF, се проценува како исклучително поволна инвестиција за компанијата, која ќе и донесе голем профит. Нуклеарката Hinckley Point во јужна Англија со моќност од 3.260 MW, треба да започне со работа во 2023 година, при што проценетата стапка на поврат на капиталот е помеѓу 19 и 21%, што е повисока од кој и да е друг вид на инвестиција.
Високата стапка на поврат на капиталот се должи на фактот што Британија се обврзала да ја купува електричната енергија од централата по многу висока цена. Поради тоа сè уште се спроведува истрага од страна на европските регулатори дали таквата „помош“ е оправдана.
Извор: EMP