Меѓународен истражувачки тим, кој вклучува и научници од Империјалниот колеџ во Лондон и Google Health, дизајнирал и изработил компјутерски модел на рентгенските снимки за речиси 29.000 жени, објавува стручниот часопис Nature. Се испоставило дека алгоритамот е поуспешен во отчитувањето на мамограмите од шест лекари, а бил речиси подеднакво добар како двајца лекари кои заедно ги отчитувале снимките. Но, за раззлика од луѓето, алгоритамот е неуморен, а стручњаците веруваат дека можат уште повеќе да го подобрат. Во моментот британскиот здравствен систем користи двајца радиолози за отчитување на снимките на секоја пациентка, а во ретки случаи кога нивните мислења се спротивставени, се повикува и трет лекар. Во спроведеното истражување, алгоритамот се користел со неозначени снимки, со цел да се заштити идентитетот на пациентките, и за разлика од лекарите, без претходен увид во историјата на болеста. За обука на специјалист радиолог потребно е десетгодишно школување. Отчитувањето на мамограмот е од клучна важност за воспоставување дијагноза, што е временски захтевна работа. Во моментот во Велика Британија има недостиг од најмалку 1.000 радиолози.