Насловна / Арт и дизајн / Ремек дела од сликарството преработени во склад со климатските промени

Ремек дела од сликарството преработени во склад со климатските промени

На панелот на Обединетите нации за климатски промени за периодот од 2030 до 2052 година прогнозиран е пораст на глобалната температура од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера. Тоа ќе предизвика подигнување на нивоата на морињата, промена на екосистемите, зголемен интензитет на различни климатски услови, екстремни температури, суши. Овие климатски промени музејот Прадо од Мадрид ги има илустрирано со помош на неколку ремек дела од својата колекција.

dela

Прадо на овој проект има соработувано со Светскиот фонд за заштита на дивите животни, а има собрано уметници кои познати слики ги имаат изменето во склад со промените кои му претстојат на светот.

Така, реката се исуши на „Пејзаж со Харон преминување на реката Стикс“ од Јоаким Патиниеер, додека нивото на морето се зголеми толку многу што тој скоро го удави „Филип IV на коњ“ на Веласкез.

dela1

dela2

Испрати коментар

Scroll To Top