Насловна / Вести / Низ „Турски тек“ протекуваат првите количини гас

Низ „Турски тек“ протекуваат првите количини гас

Гасоводот „Турски тек“ е подготвен за низ него да протечат првите количини гас. Гасоводот „Турски тек“ ќе го транспортира рускиот гас во Турција и преку Турција во Европа.

Turski potok 1

Градежниот процес на гасоводот „Турски тек“, што се состои од две линии од 935 километри кои се протегаат од рускиот град Анапа до турскиот град Кијиќој, е завршен. Компресорската станица „Рускаја“, која се наоѓа во Анапа, и терминалот „Кијиќој“, исто така, се завршени, информира агенцијата Анадолија.

Секоја линија на гасоводот „Турски тек“ одделно има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, што претставува вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе обезбедува проток на гас за Турција, а од втората линија, што има ист капацитет, гасот ќе се пренесува во Европа.

turski potok

Испрати коментар

Scroll To Top