Hallstatt e малото алпско село дневно прима по околу 10.000 туристи бидејќи токму ова село било инспирација за градчето во анимираниот филм на Дизни „Фрозен“. Локалниот началник апелира на разбирање бидејќи овој сега најпопуларен град на Instagram, не може да се справи со толкав голем број луѓе. Некогаш мирното село со езеро и со популација од 780 жители, сега е преполно со туристи, кои постојано фотографираат, користат дронови, па дури и влегуваат во домовоте на мештаните за да користат тоалет. Hallstatt се наоѓа на листата на УНЕСКО за природно наследство од 1997 година, но стана мегапопуларно откако започна да се поврзува со филмот „Фрозен“, кој премиерно е прикажан во 2013 година. Најголем број од туристите доаѓаат од Кина. Hallstatt сега има шест пати повеќе туристи по глава на жител од Венеција, а хотелските соби чинат помеѓу 294 евра и 412 евра за само едно ноќевање.