Насловна / Арт и дизајн / Нобеловката за литература Токарчук, вегетаријанец и еколошки активист

Нобеловката за литература Токарчук, вегетаријанец и еколошки активист

Во нејзината родна Полска денес нејзините дела се продаваат во милионски тиражи, но тоа не било така пред октомври годинава, кога Шведската академија и ја додели Нобеловата награда за литература. За жал, оваа писателка остана во сенка на контроверзите кои во регионот, но и пошироко ги предизвика Питер Хандке, кој исто така е добитник на Нобеловата награда за литература оваа година. Ваквиот развој на настаните (два лауреати во иста година) е поради минатогодишното недоделување на оваа награда.

Олга Токарчук (57) е петнаесеттата жена (само) на која и е доделена Нобелова награда за литература, а како што е истакнато во образложението на Шведската академија, наградата ја добива за„наративната имагинативност која со енциклопедиска страст на минување на границите ја претставува како облик на живот“.

Конзервативците кои с ена власт во Полска често ја криткуваат Токарчук, која е позната по својата лева политичка ориентација, но исто така е долгогодишна вегетаријанка и активист за заштита на животната средина. Некои ултра конзервативни групи дури ја обвинуваат дека е промотор на еко тероризмот.

tokarczuk2

tokarczuk3

Tokarczuk4

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top