По повод 15 години Порта 3, вчера на пригодна свеченост во Квинс Хотел во Скопје беа доделени трите годишни награди.
Наградата за архитектура ПОРТА 3 2019 година се додели на групата архитекти
д-р Ана Ивановска-Дескова, дипл. инж. арх. – доцент на Архитектонски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Владимир Десков, дипл. инж. арх. – асистент докторант на Универзитетот Американ Колеџ Скопје,
д-р Јован Ивановски, дипл. инж. арх. – вонреден професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Наградата за градежништво ПОРТА 3 2019 година се додели на проф. Мери Цветковска од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Наградата за екологија ПОРТА 3 2019 година се додели на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје. Во име на „Еко-свест“ наградата ја прими Елена Николовска
Посебно признание во знак на почит и благодарност беше доделено на првиот уредник на Порта 3, Мирче Адамчевски.
фото: КИРО ПОПОВ