Овие неверојатни фотографии на американските градови од педесеттите години на 20 век изгледаат толку стварно, што лесно можете да си замислите како одите по овие улици. Но, овие улици и овие градови никогаш не постоеле.
Овие носталгични слики од минатото, всушност, се макети на измислениот град Елгин Парк.
Автор на овие модели и фотографии е поранешниот маркетиншки експерт Мајкл Пол Смит од Бостон, кого животните околности го принудиле на 33 години да ја напушти успешната кариера.
Мајкл, всушност, доживеал срцев удар, по што тој одлучил да излезе од стресната професионална трка и се посветил на својата скриена страст.
Креирањето на макети од предмети за домаќинство или од кутии цигари, отсекогаш било негово хоби.
Денес, како 60-годишен, толку ја усовршил вештината, што неговите модели на овие фотографии е речиси невозможно да се разликуваат од сликите на вистинските градови од тоа време.
ова многу ми се допаѓа и сакам усте