Насловна / Архитектура / Во Загреб домување на високо ниво

Во Загреб домување на високо ниво

НФО (неформална група) чии основачи се Ката Маруница и Ненад Равниќ, неодамна во Загреб реализирале станбен објект кој по своите вкупни квалитети претставува пример на хрватскиот регионализам.

3

Во хаотичен урбанизам на семејни куќи и станбени згради никнал слободностоечки станбен објект. Ограничен со максимален волумен, зоната на архитектонската интервенција сведена е на контактна зона на внатрешниот и надворешниот простор. Истурените балкони се носители на визуелниот идентитет на објектот, но и продолжетоци на станбените содржини.

5

Тространа орјентација на становите

„Основите на становите начелно се поставени и во текот на проектирањето се индивидуализирани и прилагодувани на желбите на купувачите“, истакнува Маруница. Зградата има осум стана, по два на секој кат. Станува збор за мала, но сложна зедница на комшии.

6

Поради малиот габарит на објектот, орјентацијата на еској стан е тространа. Површината на становите е надпросечна и се движи од 93 до 153 квадратни метри. Организацијата на становите го следи дневниот ритам на корисникот, па така поделбата на дневна и ноќна зона на активности јасно е назначена.

1

Структурата на становите варира по катовите. На приземјето и првиот кат се трособни станови, додека на третиот кат се сместени дуплекс апартмани. На вториот кат има еден трособен стан и еден петособен стан. Во подрумот за секој стан има остава и две паркинг места.

7

Зграда без клими и радијатори

Во овој објект нема клима уреди и радијатори. Контролата на температурата во просториите се врши со систем на греење и ладење во плафонот. За разлика од традиционалните, плафонскиот системи на греење и ладење не создава бука, не предизвикува движење и сушење на воздухот, а  покрај тоа штеди енергија и пари.

4

Градското секојдневие кое зачестено се менува не овозможува воспоставување на статички шеми, но условува појава на нови станбени потреби, чие задоволување не лежи во искуството и теоријата стечени со традицијата. За нивно задоволување неопходни се иновации и оригинални замисли. Низ современа интерпретација на идеи на „загребската школа на архитектура“, бирото НФО со својот проект Кружна 26 ги надминува границите на познатите типологии и достигнува добри резултати во полето на современа станбена изградба.

Испрати коментар

Scroll To Top