Најдобрите домови за бруталистички одмори и современи бетони за спиење кои можете да ги изнајмите низ целиот свет.
Villa Islander, the Turks and Caicos Islands
Бетонот е удобно сместен меѓу палмите на овој остров. Стаклените sидови се отвораат директно кон зеленилото кое го опкружува базенот на вилата и трпезаријата. Во внатрешноста архитектот, воедно и сопственик на куќата, Алесандро Ланди се обидел да докаже дека бетонот не мора да биде ладен, користејќи боја и текстура за да создаде „рачно изработена“ завршница во ентериерите на домот. Оваа куќа може да ја изнајмите 1.850 долари за ноќ.
The Edge, South Coogee, Aвстралија
Оваа вила, проектирана од Renato D’Ettorre, се спушта на работ на Тихиот океан, на 12 километри од операта во Сиднеј. Во експанзивните морски пејзажи може да се ужива од нејзините пет спални соби. Во внатрешноста на домот, дрвени подови и тули-црвени плочки ги смируваат бетонскиот таван и столбовите. Оваа куќа може да ја изнајмите 2.707 фунти за ноќ.
Casa Wabi, Oaxaca, Mексико
Јапонскиот архитект Тадао Андо ги проектирал овие куќички на плажата Oaxacan во 2016 година, спротивставувајќи бетонски ѕид долг 312 метри со традиционални покривки од слама. Во почетокот Casa Wabi беше наменета како еден вид засолниште за уметници, но сега ги отвори вратите за сите, а приходите одат за работата на уметничката фондација. Ентериерерот е минималистички со цел да се поттикне мирот. Сепак, гостите се охрабруваат да се дружат во комуналните простори – вклучително и салонот со поглед на океанот и заедничката кујна. Оваа куќа може да ја изнајмите 6.000 долари за ноќ.
Kadju House in Tangalle, Шри Ланка
Оваа куќа за одмор слична на храм, сместена е на плантажа во близина на заливот Seenimodera во Tangalle. Се мешаат и спојуваат бетон со природни материјали, како камен и дрво. Изградена е 2007 година, ја проектирала Pradeep Kodikara и во куќата можат да спијат осум луѓе. Оваа куќа може да ја изнајмите 2.800 фунти неделно.
House Van Wassenhove, Sint-Martens-Latem, Белгија
Белгиската архитектица Juliaan Lampens ја завршила оваа куќа со неправилна форма уште во 1974. година. Денес за куќата се грижи локалниот музеј Dhondt-Dhaenens, кој на љубителите на дизајнот преку Airbnb им овозможува да престојуваат за 221 фунта за ноќ.