Насловна / Вести / Нов исчекор на норвешката државна компанија во областа на електромобилноста

Нов исчекор на норвешката државна компанија во областа на електромобилноста

Норвешкиот државен електроенергетски гигант Statkraft стекна 47,5% сопственост над Grønn Kontakt, операторот со станици за полнење на електрични возила. Станува збор за уделот на компанијата  Agder Energi, благодарение на кој  Statkraft  ја превзема контролата  (речиси 96 %) над Grønn Kontakt.

“Електричните возила ќе ја сменат електроенергетската индустрија во Европа, а за да се постигне сообраќај без емисии, за полнење на електричните возила мора да се користат обновливи извори на енергија“ вели  Christian Rynning-Tønnesen, претседател и извршен директор на Statkraft. Statkraft соопшти дека е косопственик на Grønn Kontakt од 2012 година. Со цел да го зајакне присуството на германскиот и европскиот пазар во областа на е-мобилноста, неодамна стекна 100% сопственост и на компанијата  E-WALD која има околу 300 станици за полнење на електрични автомобили. Минатата година, Statkraft стана мнозински сопственик на германската компанија eeMobility.

statkraft1

statkraft2

statkraft3

statkraft_g

Испрати коментар

Scroll To Top