Насловна / Архитектура / Досега неоткриена документација за Nationalgalerie на Мис

Досега неоткриена документација за Nationalgalerie на Мис

Неоткриени, заборавени во кутија, 24 оригинални цртежи од проектот и фотографии од Neue Nationalgalerie на Мис ван дер Рое, пронајдени се при крајот на 2015. година, а сега се достапни на AA Library book (Architectural Association School of Architecture).

мис
Последниот објект кој го проектирал големиот Мис, Nationalgalerie во Берлин, довршен е 1968. година е вечен тестамент на стилот и идеологијата на модернистичкиот архитект – од чиста градба до конзола по целиот објект. Содржи изложбена сала и постојана поставка, канцеларии за вработените и „вајарски двор“ од едната страна, а кровот е подржан од големи столбови што создава мошне лесен изглед.

Screenshot_2
Изгледа дека цртежите, иако многу од нив се на германски, биле во сопственост на АА од 1983. година. Постојат два проекта и многу основи и детали, како оние за стаклените ѕидови, подови, кров, скали, рампи, врати, тоалети итн.

мис3

Покрај архитектонските цртежи, тука се и списанија од тој период, вклучувајќи и четири разгледници од зградата и девет оригинални фотографии од отварањето. Најимпресивните ги прикажуваат Мис и Ханс Шарун на поставување на камен темелникот, 1966. година. Исто така има и технички опис кој ја опишува галеријата и нејзината изградба.

мис2
Сите материјали се достапни на AA Archives, а некои од нив можат да се најдат онлајн.

мис1

Испрати коментар

Scroll To Top