Насловна / Арт и дизајн / Фотографија на годината – УНИЦЕФ Германија

Фотографија на годината – УНИЦЕФ Германија

Секоја година УНИЦЕФ Германија доделува награда за фотографија на годината и серија фотографии кои на извонреден начин ги покажуваат ликовите и условите на живот на децата низ целиот свет. Победникот за 2019 година е германскиот фотограф Hartmut Schwarzbach со фотографија снимена на Филипини.

imageedit_3_5566428913

Фотографијата прикажува деца како со голи раце во вода до колена, собираат ѓубре од пристаниште во нивниот кварт Тондо, дел на претстолнината Манила. Со малку среќа, на овој начин заработуваат 90 евроценти дневно. Тондо е најголемо гето на сиромашните во земјата, каде 70.000 луѓе живеат на еден квадратен километар во импровизирани, трошни градби, без вода и струја, изложени на разни зарази.

imageedit_1_9835825849

© Hartmut Schwarzbach, Germany (Argus Photo Agency)

Испрати коментар

Scroll To Top