Насловна / Вести / Аерозагадувањето тема на Советот за безбедност

Аерозагадувањето тема на Советот за безбедност

Претставници од еколошки невладини организации и надлежни од Владата заедно со Претседателот Стево Пендаровски ги соочуваа аргументите и предлозите за тоа што треба да се стори за да се почне со конкретно решавање на проблемот со загадувањето на животната средина.

Претседателот Стево Пендаровски рече дека целта на средбата во рамките на Советот за безбедност била за невладините да ги соочат своите аргументи со надлежжните во државата и да предочат што тие мислат за мерките на надлежните кои ги превземаат и што треба да се превземе. Според Пендаровски, имало конструктивен придонес од двете страни, немало расправии и зајадливи коментари и непочитување. Претседателот додаде и дека Стратегијата за одбрана не содржела мерки во случај на еколошка небезбедност и затоа ја вратил на доработка и нагласи дека не случајно во неговото годишно обраќање се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на човечката околина кој треба да биде во рамките на оние на дрѓавите членки на ЕУ.

stevo

Двете страни се сложиле дека станува збор за комплексен проблем кој бара време за решавање и дека е тешко да се постават рокови.

“Во заштита на човековата околина не може да поставите рокови, нема цел. Не може да завршиме и да си заминеме дома. Секогаш има повеќе и подалеку и во таа смисла не гледам како може да се постави рок. Имаше разговори за сосема конкретни случаи како ОХИС и линданот каде имаше совпаѓање“, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање по средбата.

Во текот на разговорите владините претставници презентирале бројки според кои на ова поле во последните 20 години никогаш не е направено повеќе, но невладините останале на ставот дека работите во оваа област треба да се придвижуваат побрзо, подлабоко и системски за да може да живееме во здрава животна средина.

Животната средина и заштита на човековата околина е поглавје 27 во рамките на преговорите со ЕУ, а според Пендаровски тоа ќе биде едно од најтешките и најскапите и затоа мора да бидеме добро подготвени.

stevo1

“Еве сега на седницата чувме од дел од учесниците дека поглавјето 27 според проценка на преговарачите од Црна Гора, која е прилично одмината во тие преговори, тие сметаат дека во една декада би ги чинело милијарда ипол евра. Ако одиме по тие параметри, значи уште сега би можеле да кажеме една цифра, како една груба проценка, дека нас поглавјето 27 би не чинело над пет милијарди евра. Значи станува збор за исклучително важен сегмент од животот на луѓето“, рече претседателот Пендаровски, по завршувањето на втората седница на Советот за безбедност.

Претставниците на граѓанскиот сектор испорачаа четири конкретни барања – забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградбите.

Тие очекуваат дека ќе се донесат решенија на највисоко државно ниво, но остануваат скептични дека веднаш ќе се пристапи кон решавање на проблемите. Тие остануваат на ставот дека нема добра комуникација меѓу секторите во оваа Влада, исто како и во претходните.

Испрати коментар

Scroll To Top