Станбениот објект кој е дизајн на Maast Architects, се наоѓа во стариот дел на Париз, во густа урбана ткаенина со мали дворови и градини, средина која во моментов е во процес на големи промени.
Шестте станови кои имаат двојна ориентација се распоредени низ 7 спратови. Главниот пристап е од градината каде се влегува преку приватни коридори.
Дизајнот на целиот стан овозможува двојни погелди кон улицата на запад, и кон градината на исток. Бидејќи парцелата е ограничена со други објекти, објетот игра со светлината со цел да обезбеди што е можно пооптимална природна светлина. За таа цел е одбран коријанот како материјал кој рефлектира светлина.
Изгледот на уличната фасадата е инспирирана од трипартитните типични париски фасади и е покриена со многу светол коријан означен со ролетни од коријан инсталирани директно на фасадата со цел да се создаде идеално мазна површина.