Европската банка за обнова и развој (EBRD) и јавното претпријатие Autoceste FBiH објавија соопштение за распишување тендер за изградба на делницата Овчари – Тунел Прењ – Мостар север, со должина од 35 километри, како и делницата Мостар север – Мостар југ со должина од 15 километри. Со тоа е започната процедурата за избор на изведувачи. На целата делница од Овчари до Мостар, ќе се градат 10 мостови, 12 тунели и две клучки.
Најсложениот градежен зафат за оваа делница е тунелот Прењ. Должината на тунелот според идејниот проект изнесува нешто над 10 километри, што го прави најдолг тунел во регионот. Поради големата должина, при проектирањето и изградбата, како и подоцна во експолатацијата строго ќе се применуваат посебните безбедносни мерки согласно ЕУ Директивата 2004/54/EC.
Autoceste FBiH во соработка со финансиските институции обезбеди понуда за заеднчко финансирање од страна на EBRD и Европската инвестициска банка во износ од 600 милиони евра, од кои 120 милиони евра би можеле да се обезбедат во вид на неповратни средства.