Архитектот Guilherme Torres од Сао Паоло, развива идеја која е склоп помеѓу традиционалното и модерното. Неговата сопствена куќа, кој тој самиот ја дизајнирал, е обложена со испреплетен, кариран дизајн од дрво. Токму овој дизајн всушност е направен од вид на брисолеи наречени муксараби, кој е типична појава за архитектурата на Истокот. Подоцна овој систем бил применуван од страна на португалците што го донеле во Бразил. Овој елемент со неговата силна естетска појава, е применет во оваа резиденција која се наоѓа на југот од земјата, а има улога на дрвена завеса која дозволува циркулирање на воздухот, пропуштање на светлина, а исто така има и заштитна улога.
„Штом го видов благиот наклон на парцелата опкружена со други обејкти, веднаш ми дојде идејата за овој огромен панел, за да се обезбеди приватност како за сопсвениците така и за соседите“, вели Guilherme. Оваа монуменатална куќа стои како еден огромен монолитен правоаголник со два големи ѕидани блокови кои се во контраст со горниот бетонски дел. Неколку столбови, огромна покривна површина и стратешки поставените ѕидови, создаваат исклучително убави градини кои се од голема важност за животот на младиот брачен пар и нивните деца.
Декорацијата го следи бразилскиот стил со примеси на дизајнот на самиот Guilherme Torres како и неколку парчиња мебел од познатите бразилски дизајнери Sérgio Rodrigues и Carlos Motta. Композицијата на преклопување, карактеристична за бразилскиот стил, е избалансирана со интернационалниот дизајн на Tom Dixton. Градината, дизајнирана од страна на Alex Hanazaki, ѝ дава на куќата воздушна атмосфера поради треперењето на посебниот вид на тексашката трева.