Околу педесет членови на „Гринпис“, од Франција, Холандија, Белгија, Италија, Германија и од Полска, навлегоа во нуклеарната централа Фесенајм на истокот од Франција. Се работи за најстарата нуклеарна централа во Франција и со навлегувањето во нејзиниот простор, „Гринпис“ сака да го привлече вниманието на јавноста во врска со ризиците од француските нуклеарни централи за цела Европа.
Понатаму, „Гринпис“ сака да ја потсети француската влада да го одржи своето ветување за затворање на централата во Фесенајм, како и на потребата да се направи вистинска енергетска транзиција во Франција. При инцидентот интервенирала француската жандармерија и уапсила дваесетина активисти.