Насловна / Вести / Помош за Западен Балкан од 194 милиони евра

Помош за Западен Балкан од 194 милиони евра

Управниот одбор на инвестициската рамка за Западен Балкан одобри 194 милиони евра неповратни средства. Овие пари се определени од страна на Европската унија и билатерални донатори за нови проекти во областа на дигиталната инфраструктура, животната средина, сообраќајот и енергетиката во регионот. Проектите ќе бидат дополнително финансирани со кредити од Европската банка за обнова и развој  (EBRD) и други меѓународни финансиски институции. Одобрените неповратни средства за Западен Балкан ќе привлечат уште 400 милиони евра инвестиции на EBRD, вклучувајќи средства за широкопојасни интернет мрежи за училиштата во руралните краишта во Србија, изградба на три нови делници на автопатот на коридор 5c во Босна и Херцеговина, две нови делници на коридорот X во Македонија, обнова на косовската железничка инфраструктура и системи за отпадни води и канализациона мрежа во Гњилане.

WBIF

WBIF2

 

Испрати коментар

Scroll To Top