Karina Wiciak, архитект од проектантското биро Wamhouse Studio осмислила цела низа куќи инспирирани од 2Д формите на познатите логотипи. Таа ги подигнала во тродимензионални форми, креирани со комбинација на бетон и стакло. Смената на овие два материјала дава потребна транспарентност на објектите во одредени зони, па така од одредени агли објектите јасно ацоцираат на познатите логотипи.
Три дијагонали
Првата куќа наречена Trihouse формирана е од три дијагонално оријентирани бетонски елементи, која јасно асоцира на логото на компанијата Адидас. Бетонските елементи поврзани се со стаклени панели, како на фасадата така и во зоната на кровот, кои овозможуваат поглед од внатрешноста низ сите четири нивоа на куќата, како и проток на доволно количество светлина.
Куќа крст
Втората куќа во форма на крст има симболичен наслов Crosshouse, а всушност станува збор за фасада која изгледа исто како логото на Шевролет.
Потполно транспарентната фронтална фасада пружа непречен поглед на опкружувањето на куќата, но и на внатрешноста. Куќата има површина од 245 квадратни метри, организирана е на две нивоа со додатни два мезанина.
Дијамантска форма
Следната куќа наречена Rhombhouse има интересна дијамнтска форма – токму како логото на прочуениот производител на возила Рено.
Овој објект со површина од 270 квадратни метри има огромни застаклени површини помеѓу бетонски елементи. На првиот кат се кујна, дневен боравок со трпезарија, како и библиотека и тоалет. На следното ново е сместена голема спана соба со бања и гардеробер, додека на последниот кат е студио со спална соба и купатило.
Куќа во форма на пирамида
Четвртиот објект со пирамидална форма се вика Pyrahouse и е инспириран со логото на Мицубиши. Базата на куќата од 320 квадратни метри, која во потполност е од бетон, заронета е во песок и на тоа ниво се сметени остава и ходник кој води до остатокот од куќата.
На првиот спрате е голем отворен простор со доста сончева светлина која доаѓа преку транспарентните делови на фасадата. На наредното ниво, галеријата е работната зона со бања, а на последното ниво голема спална соба со бања.