Исландската енергетска компанија Landsvirkjun го објави својот амбициозен план за остварување на јаглеродна неутралност до 2025 година. Компанијата веќе со децении е насочена кон намалување на емисиите на стакленички гасови и на технологиите за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид, а според првобитниот план јаглеродната неутралност требало да биде постигната дури во 2030 година. Landsvirkjun денес управува со 18 електрани нa Исланд, од кои најголем дел се хидроцентрали, а остатокот го сочинуваат главно геотермални и ветерни електрани. Имајќи предвид дека поради тоа дури 99% од енергијата се остварува во постројки од обновливи извори на енергија, воопшто не чуди поставувањето нa новиот рок.