Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ оваа година одбележа 12 години од своето постоење. Свеченото одбележување се одржа вчера во Хотел Александар Палас Скопје во присуство на членови на Комората, останати инженери, соработници на Комората и прјатели.
КОАИ традиционално додели четири именувани награди за 2019 година:
Добитник на наградата од Одделението на градежни инженери „професор д-р Александар Цане – Ангелов“ е М-р Горан Тодоровски, дипл. град. инж.
Дилломирал 1988 година на ГФ Скопје, магистрирал 2007 година на ГФ Скопје.
Вработувања:
Градежен институт Македонија 1989-1990
Градежен факултет – Скопје 1990-2001
Ванимекс доо Скопје – 2010 – 2014
Вирендел доо Скопје – 2015- до денес
МASE Internationаl – UK, 2016, на договор
Балкански Универзитет 2016-2018, ангажман по договор
Добитник на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2017, во категоријата на изведба на конструкции.
Добитник на наградата од Одделението на урбанисти и архитекти, а „Професор Борис Чипан“ е Д-р Александар РАДЕВСКИ, дипл. инж. арх
Роден во Битола, дипломирал на Архитектонскиот факултет, Скопје, на тема: „Погон за рециклирање на тврди градски отпадоци во Скопје“, ментор проф. Никола Павловски. Докторирал на Архитектонскиот факултет, Скопје на тема Влијанието на дневната светлина врз димензионирањето на волуменот на работниот простор и креирањето на естетскиот израз на архитектонските објекти“, и се здобил со научен степен доктор по технички науки.
Од 1998, Радевски е вработен на Архитектонскиот Факултет во Скопје.
Од 2013 до 2017 е продекан за настава, наука и меѓународна соработка на Архитектонски факултет при УКИМ.
Добитник на наградата од Одделението на електротехника, „проф. д-р. Станимир Јовановски“ е Фросина СЕЈЗОВА-ВЕЛКОВА, дипл. ел. инж.
Дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во јануари 2000 година.
Моментално ја раководи компанијата Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје.
Своето искуство го стекнува на самостоен инженер во ГАМА А.Д.-Скопје, каде минува 10 години од својот работен стаж.
Актуелен Претседател на ТК1 во ИСРМ (Опрема и заштитни системи наменети за употреба во потенцијално експлозивни средини) .
Потесна специјалност е изработка на проекти за заштита од пожар, проекти за БЗР, планови за евакуација, електро проекти, ревизија на проектна документација, и надзор над изведба на градби, како и изработка на Елаборати за проценка на ризикот од експлозија, превенција и заштита согласно EN 1127-1.
Добитник на наградата од Одделението на машински инженери, „проф. д-р. Илија Черепналковски“ е Весна Неделковска, дипл. маш. инж.
Дипломирала на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на машински отсек. Во текот на студирањето е избрана за најдобар студент на генерацијата.
Дипломира на тема „Анализа на мазутната постројка за двата блока од 210 МW и идејно решение за истата при работа на трите блока во РЕК Битола – Битола“ во јуни 1990 и се стекна со звањето дипломиран машински инженер.
Од 2002-2003 член е член на Државната комисија за недеструктивно тестирање на материјали при Државниот завод за стандардизација на Р. Македонија.
Во октомври 2007 г. основа своја приватна фирма за проектирање и инженеринг и продолжи да работи со проектирање, ревизија и надзор на термотехнички инсталации.