GIZ отворениот фонд за Југоисточна Европа – енергетска ефикасност (GIZ ORF-EE) во изминатите осум години со низа проекти воспостави силно партнерство и соработка со парламентарците во регионот. Поддржувајќи ја работата на парламентарците преку регионална платформа за размена на знаења и искуства во областа на енергетската ефикасност, климатските промени и урбаната мобилност, GIZ ORF-EE во име на Владата на Германија придонесува не само за креирање и донесување политики во овие области, туку им помага на земјите да започнат процес на енергетска транзиција. Од Македонија, член на оваа група е пратеничката Лилјана Затуроска во својство на претседател на комисијата за транспорт и врски и екологија. Во својата изјава за порталот BalkanGreenEnergyNews таа истакнува дека соработката е посебно изразена во однос на проблемите со урбаната мобилност во Скопје и Битола, и дека препораките од т.н Бела книга со внимание се аналзирани на предметната собраниска комисија со цел алоцирање на средства од буџетот за подобрување на состојбите во оваа сфера.