Австриската архитектонска фирма Wolfgang Tschapeller направи целосна трансформација на просторот во библиотеката за ликовни уметности на Муи Хо, сместена во рамките на познатиот универзитет Корнел. Библиотеката, која датира од 1911 година, содржи збирка уметнички и дизајнерски материјали од Архитектонскиот, планскиот и уметничкиот факултет, а како простор за вакви цели имаа потреба да го променат начинот на чување на книгите.
Целиот кат на зградата е отстранет за да се направи простор за закачена полица што сега е на отворен план на библиотеката. Новата структура на полиците е всушност огромна катна структура поврзана со скали и галериски коридор по кој се шета во потрага по посакуваната книга.
Конструкцијата е подигната од нивото на подот за да се олесни просторот и да се направи библиотеката што е можно потранспарентна. Ова е поддржано од транспарентноста на целата структура на челик, кој не содржи никакви sидови.
“Целиот простор со повеќе од 125 илјади книги е конструиран како единечен волумен кој виси од гредите на покривот и лебди над нивото на подот, оставајќи празен простор испод. Без sидови, транспарентноста преку и помеѓу нивоата им овозможува на посетителите да им се преклопуваат погледите преку ентериерот, како и од надворешната страна“, велат архитектите.
Полутранспарентните челични подни решетки, како и отсуството на sидови, создаваат чисти прозорци од едниот крај на структурата до другиот. Покрај тоа, транспарентните отвори на фасадата овозможуваат преглед на интересна структура во внатрешноста која служи како светилник и ве поканува да влезете во кампусот.
Изградбата се состои од 17 хоризонтални платформи кои се организираат на три нивоа. Секој ред е поддржан од хоризонтална греда, кој го поврзува со ѕидот, како и серија на колони кои овозможуваат целата структура да се издигне на околу 1,47 метри од подот.
Како дел од проектот за реконструкција, исто така беше неопходно да се организира и продавница за дрво и метални материјали, како и простор за изработка на модели, истражувачка лабораторија и магацин за мали алати. Tschapeller исто така додаде дека на овој начин се обезбеди простор за две работилници во рамките на објектот, при што едната е фабрика за материјали и другата за мисли и концепти.
Што се однесува до надворешноста, на покривот на зградата е подигната палуба, што е всушност простор во кој се сместени привремени експериментални структури, како за учениците така и за наставниците.
Библиотеката Муи Хо во моментов минува низ процес на стекнување на LEED сертификат. Надградбата на објектот, вклучително и изолацијата, двојни застаклени прозорци и заменувањето на сите механички системи треба заедно да ја намалат потрошувачката на енергија во библиотеката за 70 отсто.