Насловна / Вести / Скопје со нови образовни, спортски и објекти од јавен карактер

Скопје со нови образовни, спортски и објекти од јавен карактер

Најавени се нови проекти, како и реконструкција на стари објекти во Скопје, кои би се реализирале до крајот на годината.

Чаир – Во тек е изработка на  втората и третата фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“. Локалните власти од Чаир најавија дека премостување на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет ќе стартува во јуни годинава, за што веќе се добиени финансиски средства од државниот буџет и дадена е согласност од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје. Со комплетното остварување на проектот, идниот плоштад со површина од 28.674 метри квадратни ќе ги поврзе општините Чаир и Центар, но и ќе го зголеми бројот на достапни паркинг места на овој фреквентен дел од градот преку изведбата на подземниот паркинг на две нивоа кај споменикот „Скендербег“.

novi objekti - Skopje_5

Центар – Новото училиште во Капиштец ќе биде изградено во близина на Агенцијата за вработување. Објектот ќе се гради по идејно решение кое предвидува модернистички изглед, изведен генерално во стакло, енергетски ефикасен. Училиштето ќе има капацитет за 500 ученици, ќе има 20 училници, кабинети, фискултурна сала, надворешни спортски терени, простории за настава на отворено, а во склоп на објектот ќе има и ботаничка градина. Бруто површината за изградба на училиштето е 9.428 квадратни метри. Проценето е дека изградбата ќе чини три милиони евра.

novi objekti - Skopje_2

Бутел – Црква посветена на Свети Јован Крститетел се гради на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“, а ктитор е сопственикот на „Макоил“ Мите Јовановски. Според проектот, црквата ќе се протега  на 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Ќе се изградат и помошни простории за крштевање. Заедно со нив таа ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 метри квадратни. Камбанаријата, пак, ќе биде висока 36 метри.

novi objekti - Skopje_1

Аеродром  – Нов спортски центар „Јане Сандански“ со две спортски сали, хотел и други придружни објекти и содржини на местото на постојната истоимена спортска сала гради општина Аеродром. Спортскиот центар ќе се простира на површина од 11.000 квадратни метри и се гради според стандардите на ФИБА и ЕХФ. Во главната повеќенаменска сала ќе може да се вежба кошарка, ракомет, мал фудбал и одбојка, а во помошната сала ќе се одвиваат тренинзи и ќе има фитнес сали.

novi objekti - Skopje_1

Кисела Вода – Старото кино во скопската населба Кисела Вода ќе се реконструира и адаптира во нов, мултифункционален објект, најавија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ. Новиот Дом на културата ќе се користи како театар со 144 седишта.

novi objekti - Skopje_4

Сарај –  Од Општината очекуваат до лето да го изработат планот, а до крајот на годинава да нај­дат партнер кој ќе му го врати некогашниот сјај на езерото Треска. Засега интерес за ком­плек­сот покажале неколку странски инвеститори. Езе­ро­то Треска скоро 20 години е затворено за капење бидејќи водата е загадена, а со години никој не успеа да изгради пречистителна станица. Но и покрај забраната и пре­дуп­ре­ду­ва­ња­та дека водата не е бактериолошки чиста, жителите од овој дел на гра­дот го користат за разладување во лето.

novi objekti - Skopje_6

 

Испрати коментар

Scroll To Top