Насловна / Вести / Arcelor Mittal во Европа ја намалува емисијата на гасови за 30%

Arcelor Mittal во Европа ја намалува емисијата на гасови за 30%

Компанијата Arcelor Mittal соопшти амбицизна цел за намалување на емисиите на штетни гасови, само два дена откако Европската унија ја донесе програмата за постигнување на јаглеродна неутралност на континентот до 2050 година.  Arcelor Mittal  има намера кон средината на идната година да ги објави целите за намалување на емисијата на ниво на целата групација која работи и на други континенти. Индустријата за челик е одговорна за околу 7% во глобалната емисија на гасови. Овој сектор е под голем притисок да го намали влијанието врз клиамтските промени, посебно во Европа.

Целта за намалување на емисиите за 30% споредено со 2018 година, се однесува на производството на рамни челични производи, кои сочинуваат најголем дел од производството. Компанијата го поддржува т.н „Зелен план“ на Европската комисија за постигнување на јаглеродна неутралност, но истовремено апелира на лимитирање на таксите за јаглерод диоксид, со цел да се спречи заминувањето на оваа индустрија од Европа во други региони каде производството би било поефтино.

arcelor1

Steelworker near a blast furnace with sparks. Foundry. Heavy industry.

arcelor3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top