Минатата недела Европската Комисија одобри инвестиција во вредност од 311 милиони евра од фондот за кохезија, за надградба на делницата Хрватски Лесковац – Карловац во должина од 44 километри од хрватската железница на коридорот Загреб – Риека.
Се работи за високо анселено подрачје и з аеден од главните хрватски логистички центри. Со овој проект ќе се ограничи негативното влијание врз животната средина, бидејќи ќе се придонесе за замена на патниот со железнички сообраќај, а ќе се намали и времето на патување.
Овој проект кој би требало да биде оперативен до крај на октомври 2023 година, е дел од огранокот Риека – Загреб – Будимпешта, на трансевропската сообраќајна мрежа (TEN-T) медитеранскиот коридор и Европскиот железнички товарен коридор 6 кој го покрива регионот на средоземјето.