Насловна / Вести / Канзас Сити стана првиот град во САД со бесплатен јавен превоз

Канзас Сити стана првиот град во САД со бесплатен јавен превоз

Канзас Сити стана првиот најголем град во САД што обезбеди бесплатен јавен превоз. Минатата недела градскиот совет гласал дека возењето со автобус и трамвај, мрежа која е почната во 2016 година, сега да не чини ништо.

javen

Градските лидери се определија за овој потег да ги мотивираат луѓето да користат градски превоз, што ќе резултира во помалку автомобили на градските улици и, следствено, да го намали загадувањето.

Билет за автобус во Канзас Сити чини 1,5 долари, додека месечен билет е 50 долари. Градскиот совет одлучи да издвои дополнителни осум милиони американски долари, колку што е приходот од билетите, за да се надомести загубата во градскиот сообраќај.

Покрај борбата против климатските промени со овој потег, градските власти се надеваат дека одлуката ќе придонесе и за подобро позиционирање на социјално загрозените категории кои ќе можат полесно да најдат работа и да одат на работа.

javen1

Испрати коментар

Scroll To Top