Architizer+ по втор пат доделува награди наменети за најдобра архитектура, простор и производи. Наградата се однесува на глобално ниво и опфаќа 60 категории, со повеќе од 200 судии одговорни за оценувањето. Самиот натпревар дава шанса да се препознае одреден квалитет, па така, во категоријата за транспорт се наоѓа и еден македонски објект.
Се работи за катната гаража која се наоѓа на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје. Дизајнот на објектот е на австриското студио PPAG во соработка со Милан Мијалковиќ. Проектот победи на конкурсот што беше спроведен во 2010 година од страна на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор на Република Македонија, каде едно од барањата беше објектот да биде изведен во барок, класичен и неокласичен стил.
Главната идеја од каде започнала замислата на објетот била од страна на Ана Поплека, која била инспирирана од фотографиите на својата ќерка Андреа, кои со искривена перспектива го прикажувале историскиот дел на Виена. Токму од таму дошло до создавањето на таа бескрајна шема со која е обложен објектот преку четирите фасади. Овој колаж е материјализиран во тродимензионални фрагменти распоредени во четири слоеви кои ја формираат оваа бескрајна матрица. Конструирањето на гаражата подразбирал високо технолошки процес кој довел до производ, кој ги исполни барањата на државниот орган.
Гласањето е отворено за јавноста од 4 до 21 март и може да го направите на страницата на Architizer+ https://awards.architizer.com/
samo vakva gradba od 21 vek moze da dobie nagrada a onie od 17???
Vi se dopagja?
Samo mene mi e kic i ovaa zgrada so svetlana u boi?