Граѓаните и посетителите на данската престолнина наскоро ќе бидат во можност да наберат овошје директно од стеблата во градските градини. Дрвјата ќе бидат посадени во парковите, на игралиштата и во дворовите на спортските објекти во Копенхаген. Целта е да им се овозможи на граѓаните и туристите здравје на дофат на рацете, и се работи за дел од нова градска иницијатива. Со оглед дека поголем дел од населението во главниот град не располага со сопствена градина, возрасните а особено децата досега немале прилика да го набљудуваат процесот на созревање на овошките. Покрај оваа едукативна компонента, сите ќе имаат достапност до свежи плодови, со што ќе се влијае врз здравјето но и врз целокупниот изглед на урбаната средина.