Насловна / Вести / Во Црна Гора ќе се гради една од најголемите соларни електрани во Европа

Во Црна Гора ќе се гради една од најголемите соларни електрани во Европа

Соларната електрана која е планирано да се гради во Црна Гора, на Бриска гора, ќе биде една од најголемите во Европа. Реализацијата на проектот предвидува инвестиција од околу 200 милиони евра. Според министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, фокусот на владата во претходниот период бил насочен кон развојот на опкружување за инвеститорите во областа на обновливите извори на енергија.

Како резултат на таквите политики, склучен е и овој договор за изградба на соларна електрана со моќност од 250MW, со конзорциумот во кој е вклучена реномираната финска компанија FORTUM.

„Сепак, ни претстои уште многу работа во остварување на транзицијата кон „чистите“ извори на енергија, но првите значајни резултати с евеќе видливи. Имено, во изминатите 3 години, земјата го зголеми својот инсталирана капацитет за 10%, а се работи исклучиво за новоинсталирана моќност во обновливи извори“, заклучила министерката.

briska3

brsika4

briska5

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top