Работниците ја сметаат како закана автоматизацијата и сметаат дека нивното работно место ќе исчезне во следните десет години. Ова се истакнува во истражувањето кое е спроведено од страна на PricewaterhouseCoopers (PwC). Современата работна сила очекува од своите работодавачи да ги обучи за новата дигитална иднина, а повеќе од 3/4 од нив се подготвени да научат нови вештини или да ја променат својата вокација со цел да ги подобрат своите шанси за иднината. Но, и покрај искажаните стравувања, сепак мнозинството, односно 61% од испитаниците смета дека технологијата ќе им донесе позитивни промени. Притоа, побројни се мажите кои го делат ова мислење и кои почесто учат нови дигитални вештини. Претходното истражување на PwC укажало на фактот дека поради автоматизацијата, до 2035 година ќе бидат загрозени 30% од професиите.