Bentley Motors и Heinz Mayer, реномирана фамилијарна јувелирница, се споиле за да ја прослават стогодишнината на славниот брендот со дијамантски ѓердан на кој има неверојатен драг камен кој потекнува од Африка.
Јувелирското парче е претставено на семот во Бахреин, 2019 Jewelry Arabia. Осмислен е од дизајнерот на Bentley, Крис Кук. Ѓерданот содржи златна и платинеста поставка со жолт дијаман во форма на круша од 20.08 карати, кој својата необична боја ја должи на молекули на нитроген во својот состав. Дизајнот е инспириран од крилјата на Bentley, а каменот е сместен во колевка направена од 18-каратно жолто злато, која дополнително е декорирана со 56 природни дијаманти и ласерски гравирани детали.
Коментирајќи го славеничкиот ѓердан, Кук изјавил: „Соработката помеѓу Heinz Mayer и Bentley Motors претставува врв на рачно изработен квалитет и дизајн. За нашата стогодишнина креиравме уникатно парче накит инспирирано од EXP 100 GT. Централното парче во нашиот концепт на автомобили е елегантна визуелизација на корисничката контактна точка со возилото. Со ова парче накит сакавме да го претставиме токму тоа“.
EXP 100 GT