Во Гинисовата книга на рекорди се најде најголемата и воедно најимпозантната резба од дрво на светот која некогаш е направена. Нејзиниот автор е познатиот кинески уметник и резбар Женг Чунхуи, на кој му биле потребни цели четири години за да го заврши своето дело издлабено во дрво, во кое тој ја претставил „историјата на Кина“.
Се започнало со едноставно стебло…
Резбата е долга нешто повеќе од 12 метри, висока три и широка околу два и пол метри, а го прикажува „Животот на луѓето покрај реката за време на фестивалот Кингминг“.
Резбата се базира на познатото кинеско сликарство, а оригиналното уметничко дела е создадено пред повеќе од 1000 години, односно мотивите што се најдоа на оваа скулптура се од истоимената слика од 12. век на Женг Зедуан.