Легендата за Троја е дел од нашата цивилизација повеќе од 3.000 години (1200 год. п.н.е.). Приказната за моќниот град е раскажана на новата, голема изложба во Британскиот музеј во Лондон.
Приказната за величенствениот град и десетгодишна војна поради најубавата жена на светот, е неодоливо драматична и трагична. Нејзината заводливост ја плени фантазијата на авантуристите и археолозите, потрагата по изгубениот град, за кој се верува дека постои, трае со векови.
Но кои се хероите, победниците и поразените, жените и освојувачите кои играле улога во Тројанската војна? Зошто оваа приказна толку се прераскажува, од Хомеа, преку Шекспир, до Холивуд?
На ова прашање одговара изложбата во Британскот музеј, која посетителите ги приближува до овие привлечни ликови, преку уметност која одзема здив, од драматични антички скулптур и исклучително осликани вазани до моќни современи дела.
На изложбата се прикажани и фасцинантни археолошки докази кои покажуваат каде била вистинската Троја, нудејќи примамлива вистина позади митските приказни. Од киднапирањето на Елена од Троја до измамата со Тројанскиот коњ и падот на градот, поставката плете нишка помеѓу митот и реалноста во оваа феноменална нова изложба, која е отверена на 21. ноември годинава и ќе трае до осми март наредната година.
„Ова е тажна приказна. Грците победиле во војната, но уништиле еден софистициран град и се вратиле дома со големи потешкотии. Тука нема победник. И двете страни страдале “, вели кустосот Лесли Фитон.
Од особено значење за изложбата во Британскиот музеј се бројните варијации на митот за Троја. На пример, Елена и Ахил се претставени на десетици различни начини и физички и преку наративот што ги опкружува.
И уште нешто, тројанскиот коњ го нема во внатрешноста на Британскиот музеј.