Салата и помошните простории на најтрофејниот кошаркарски клуб „Работнички“ е комплетно реновирана, информира општина Центар. По 20 години, сменети се тушевите во салата, поставени се нови клупи, закачалки и ормани, со што целосно се реновирани соблекувалните на играчите. Салата е бојосана со нови бои и комплетно исчистена.
„Страотна и срамна беше состојбата затекната од новото раководство на клубот. Претходниците, освен што оставија огромни долгови, со себе си зеле ормани, компјутери, клупи, мебел. Ги нема ниту баскетите што некој ги набавил, а не ги платил. Фактурите сега пристигаат и треба да се платат“, велат во општина Центар, која е сопственик на клубот.