Оваа колиба е производ од серија едноставни дизајнерски потези на Crosson Clarke Carnachan Architects, и е сместена на идилична песочна плажа во Нов Зеланд. Областа лежи на крајбрежна зона на ерозија, каде сите објекти мораат да бидат преносливи. Поради ова, колибата е буквално поставена на две тенки дрвени санки за да може да се движи низ плажата.
Естетиката е природна и потсетува на артефакт на плажа, спасувачка кабина на сурфери или кула за набљудување. Споевите и механизмите се индустриски и очигледни а конструкцијата е видлива.
Колибата во нејзините 40 метри квадратни служи на петчлено семејство, така што располага со кујна, трпезарија, дневна соба, бања, и две спални каде децата се сместени на легло на три нивоа.
Двокатното засолниште има отвори кои формираат тенда на предната фасада која заштитува од силното сонце во лето, а додека сонцето во зима го пропушта внатре во ентериерот. Ги открива двовисинските челични рамки на вратите што го отвораат ентериерот, поврзувајќи го дневниот простор и спалните со прекрасен поглед.
Колибата е целосно одржлива со своите скромни димензии и употребата на дрво во обложувањето, конструкцијата и структурата како и во системот на отпадна вода.
Целиот овој концепт создава еден сосем нов начин на гледање на животот за време на одмор, кој создава силна врска со животната средина.