Во Европа работат 21.287 хидроцентрали, а 8.779 се веќе во фаза на изградба, главно на Алпите и на Балканот. Ова го покажува првиот паневропски попис на постоечките и планираните хидроцентрали. Но, невладините организации, сосбено EuroNatur и Riverwatch, прдупредуваат дека со изградбата на новите хидроцентрали, многу досега недопрени реки, посебно на Балканот, ќе бидат уништени. Покрај тоа, околу 2.500 проекти за хидроелектрани с елоцирани во заштитени подрачја, главно во национални паркови или заштитени подрачја од мрежата Natura 2000.