По неколкумесечна работа на Градот Скопје заедно со ГТЦ во рамки на меморандумот за соработка со УНДП денес се отвори паркот на дел од кровот на ГТЦ. На овој дел од ГТЦ на површина од 1.800 квадтатни метри поставени се фонтани, зеленило, урбана опрема, шаховско поле. Предвидениот со проект кафе-бар, кој почна и да се гради и по бурните реакции на јавноста и архитектите е отстранет и за сега го нема.
„Конечно го ставивме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор кој полека ќе си го заземе своето место во т.н. „скопски приказни“, тука ќе се раѓаат убави спомени за нашите сограѓани“ изјава на отворањето градоначалникот.
Во однос на кафе – барот кој почна да се гради над ГТЦ, градоначалникот изјави „ Управувањето со нов квалитет евентуален на нов деловен простор е работа на ГТЦ и оди по законски прописи. Ако ГТЦ одлучи да постави таков тип на дополнителна вредност на овој кров тоа ќе биде веќе нивна проблематика и ќе оди во рамките на деловното работење на самиот трговски центар. Вкусови се во прашање“.
,
фото: КИРО ПОПОВ