Фабриката за камена волна Rockwool Adriatic ја претстави пред јавноста својата нова еколошка инвестиција: започнува да нуди услуга за резиклирање на остатоците од камена волна на градилиштата. Фабриката Rockwool вложила околу 150. 000 евра. На овој начин, наместо остатоците од камената волна да завршат на депониите за градежен отпад или пак да биде исфрлена некаде во природата, се користи како суровина за нова камена волна. „Важно е да се нагласи дека во фабриката се рециклираат само остатоци од камена волна од градилиштата, а не и некој друг градежен материјал, па затоа квалитетот и составот на камената волна остануваат непроменети. Остатоците од волната од градилиштата во фабриката ги доставуваат само овластени собирачи“ соопштуваат од компанијата.