Насловна / Вести / Во фаза на градба 15 нови спортски сали

Во фаза на градба 15 нови спортски сали

36 sportski sali_2
Триесет и шест нови спортски сали се изградени преку проектот на Министерството за образование и наука за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали кои, покрај ученици, ги користат и жителите на општините.

– Во изминатите неколку години се изградени комплетно нови 36 спортски сали,  поголеми или помали во зависност од моделот и од локацијата. Петнаесет се во градба и се очекува во следниот период да бидат завршени, – изјави денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој нагласи дека се работи за еден од капиталните и најзначајни проекти на Владата, во кој досега се инвестирани приближно 1.186.000.000 денари.

– Директен бенефит од изградбата на салите имаат 35.000 ученици. МОН ќе продолжи и натаму да ги гради, паралелно со проектот што го реализира Агенцијата за млади и спорт за изградба на дополнителни 35 спортски сали, – додаде Ристовски.

36 sportski sali_136 sportski sali_3

Испрати коментар

Scroll To Top