Насловна / Вести / Тенисерот Доминик Тим во мисија за спас на океаните

Тенисерот Доминик Тим во мисија за спас на океаните

Со исто толкава посветеност како и на тениските терени, австрискиот тениски ас, Доминик Тим се бори да го направи светот подобро и побезбедно место, заастанувајќи зад една благородна мисија – заштита на животната средина. Тој ја поддржува организацијата наречена 4ocean, која настојува да ги заштити светските океани од загадувањето и да создаде подобар екосистем за морскиот свет. Попрецизно, тие ги чистат океаните од пластичниот и друг отпад. Од отпадот изработуваат алки, а средствата од продажбата повторно се наменети за активности за заштита на океаните. Тенисерот сосема случајно нарачал за себе ваква алка на интернет, со цел да ја поддржи целта на организацијата. На следниот нареден турнир, од 4ocean забележале дека Тим носи нивна алка, па го контактирале да биде нивни промотор. Тој ја носи алката на секој свој настап, а исто така не пропушта да напише порака на поддршка за океаните, на камерите по секоја победа. На неодамна одржаното ATП финале во Лондон, Тим носеше и дукс со амблем на 4ocean.

thiem1

Thiem2

Thiem3

Thiem4

 

Испрати коментар

Scroll To Top