Поврзани, интегрирани, иновативни, креативни, инклузивни и одржливи – тоа се критериумите за паметните градови на иднината. По повод Светскиот ден на градовите, 31-ви октомври 2019 година, УНЕСКО ги награди најдобрите градови во различни категории. Меѓу наградените се најде и Сараево кој е прогласен за креативен град, односно град на филмот.
Виена е наградена за својата иновативна, интелигентна и одржлива станбена политика. Имено, социјалната станбена градба во австриската престолнина има своја стогодишна традиција и досега на многу генерации им овозможила ценовно прифатливо домување. Денес околу 60% од жителите на Виена живеат во вакви станови.
Шенџен во Кина е награден за напредокот во сообраќајот, додека Дакар во Сенегал за виртуелни универзитети и придонес во високото образование. Сингапур доби признание за целта за нулта емисија, а Талин од Естонија за дигитална трансформација. Наградите ќе бидат врачени во март 2020 година на форумот Smart Cities Accelerator во Париз.