Насловна / Вести / До 2030, Меркел сака милион станици за полнење на електрични возила

До 2030, Меркел сака милион станици за полнење на електрични возила

Германската канцеларка Ангела Меркел до 2030 година сaка во земјата да има милион станици за полнење на електрични автомобили. „Во иднина, мобилноста треба да биде удобна, поволна за климата и флексибилна, и треба да гарантира вредност за вложените пари“, рекла Меркел во своето седмично видео браќање. На состанок со претставниците на автомобилската индустрија, канцеларката и бизнисмените расправале за начините на кои ќе се промовираат моделите на транспорт базирани на нефосилни горива. Една од мерките е поголеми субвенции за купување нa електрични автомобили, а трошоците за тоа да бидат поделени помеѓу индустријата и владата. Германската влада и претходно најави зголемување и проширување на опфатот на сегашните државни субвенции за купувачите на електрични автомобили. Ширењето на мрежата на станици за полнење, според канцеларката, дополнително би ги поттикнало граѓаните да се одлучат за електричен автомобил.

merkel5

merkel4

merkel2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top