Поради климатските промени, главниот аеродром на Гренланд, би требало да ги укине сите летови во рок од 5 години, бидејќи топењето на пермафростот предизвикува напукнувања на пистата. Аеродромот Kangerlussuaq минататa година остварил вкупно 11.000 слетувања и полетувања. Но, со оглед на порастот на температурите, „вечниот мраз“ забрзано се намалува. Тоа влијае на зградите и другите објекти на аеродромот, а отстранувањето нa снег и мраз од пистата е секојдневие. Затоа, властите одлучиле да започнат изградба на нов аеродром, за кој одговорноста ќе ја преземат данските воздухопловни органи.